Таг: тодор гечевски

Антиќ го опишува Гечевски колку е цар

Перо и Тоше биле цимери во репрезентација. Во опуштен подкаст, Антиќ раскажува каков цар бил кавадарчанецот кој на моменти и го имитира. Потоа му се јавува на генералниот секретар на ФИБА на видео повик со кој е пријател долго време.

Задар не го заборава Тодор Гечевски

Легендата на мак кошарката, Тодор Тоше Гечевски најдобрите денови од својата кариера ги мина во хрватски Задар каде имаше иницијатива да му се крене биста пред салата „Крешимир Чосиќ“. На пријателскиот меч Работнички - Фенербахче, по повод 70. роденден на Скопјани, Гечевски ги одигра последните минути во кариерата а публиката долго го скандираше неговото име. Тој е можеби единствениот играч околу кој се сложуваат навивачите на Работнички и МЗТ Скопје. Кавадарчанецот сега работи како тренер на младинците на Работнички.

Работнички го освои деветиот пехар од Купот

По 2011. година, екипата од Градски парк повторно го врати трофејот во своите витрини. Во финалето од 23. издание на Купот, во „Јане Сандански“ Работнички го совлада Кожув 74:66.

Лактот на Гечевски

Работнички вчера убедливо го порази Куманово за пласман во финалето од македонскиот куп. Поранешниот репрезентативец, Тодор Гечевски постигна 16 поени, а имаше и девет скока, но во еден момент од првата четвртина направи неспортски потег врз Александар Штерјов, откако центарот на Куманово прв го удри.

Трета среќа за МЗТ

По двата порази од минатата сезона, МЗТ Скопје предводен од Тодор Гечевски ја забележа првата победа над црногорскиот шампион Будуќност во третото коло од Јадранската лига.