Картите за синоќешниот меч Арсенал - Баерн Минхен биле по 75 фунти, а ништо поевтини не биле ниту влезниците за гостите поради што Баварците извадија неколку банери и фрлаа тоалетна хартија на теренот во знак на протест. Судијата на кратко го прекина мечот за да се исчисти теренот па играта продолжи.
Во која тоа земја луѓето се тепаат за тоалетна хартијa, а да не сме ние кога ни се отвора некој нов мол? Диме од Пехчево би рекол: Венецуела е бе, Трендо.