Шестката од Њукасл, Џамаал или како и да се вика го собори Маркус Рашфорд како да е ова некој боречки спорт, а не фудбал. Судијата мртов ладен. Не бе кај видовте фаул, не го допре.
Ова може да го класифицираме како кривично дело. Фаулот кој го прави репрезентативец на Бурунди над капитенот на Танзанија до 17 години Абрахам Морис е за доживотна суспензија.
Спремен како војник да оди во најтешките ровови за својот тим и репрезентација. Ни самиот веќе не знае колку пати е шиен и на кои места. Главата ја раскрвавувал многу пати а соиграчите викаат дека бегаат од него.
Португалецот важи за еден од најрасипаните фудбалери на денешницата. Скоро да немало натпревар да не удрил лакт, да не влегол со две нозе или отворен ѓон или да не штипнал и плукнал некој. Страшно колку е пргав.
Една од најсмешните изјави на Златан во последниот период беше „Во четврток не играм фудбал“, алудирајќи на трансфер во екипите кои го бараат а кои играат во Лига Европа. Во едно видео има колекција на сите негови испади во последните неколку години.
На аматерски меч во Норвешка, еден играч не може да се помири со тоа што му ја земаа топката, па крвнички со цела сила стартуваше врз противникот кој има 15 години. Фрустрации ли што ли се?