Толку од ветувачката европска сензација, Анжи Махачкала. Милијардерот Керимов кој на Роберто Карлос му купи за роденден автомобил од 1,8 милиони евра и го направи Ето најплатен фудбалер во историјата, дигна рачна затоа што неговиот клуб немал доволно среќа.