Денес е незамисливо еден таков цивилизациски споменик како Стоунхенџ, кој датира околу 3000 години п.н.е., да биде во приватни раце. Па сепак, еден човек и не така одамна, во 20-тиот век, имал законско право врз него, а го купил на јавна лицитација.
Од нашата дамнешна посета на Стоунхенџ ни останало во сеќавање како среде ливада стојат големи камени блокови, додека наоколу нема камен - ни со камен да фрлиш. За тоа од каде пристигнале сега се знае повеќе, но не и за тоа како.