Паола Егону е родена во Читадела, град во регионот Падова на 18 декември 1998 година од родители мигранти од Нигерија. Во моментов има 19 години а веќе важи за една од најдобрите одбојкарки на светот.
Деновиве одбојката ги нуди најдобрите натпревари од Светското првенство каде останаа врвни репрезентации. Вечерва се играат натпреварите од Final Six, последна фаза пред полуфиналните битки а тоа е шанса овој спорт уште повеќе да се популаризира.