Вообичаено, шпицата којашто ги содржи насловот, имињата на актерите и целата екипа се случува на самиот почеток на филмот. Но кога таа ќе се појави на третина филм, човек се прашува - ако ова е почетокот, тогаш што гледав до сега?
Да речеме дека тука би можеле да кликнете на опција која ќе ве поштеди од читање на воведов. И тоа во случајов нема да биде страшно. Но прескокнувањето на најавни и одјавни шпици во филмови и серии значи не само непочитување на трудот на куп луѓе кои се измачиле тие да бидат интегрални делови од доживувањето, туку и третирање на уметноста како потрошувачка „содржина“ која треба да се проголта што побргу и поефикасно.