Официјалната верзија гласи: Ливерпул ги викна навивачите да дојдат дури и без карти, тие дојдоа, пробаа да влезат и настана хаос. Меѓутоа снимките од Париз не се баш само од навивачи на Ливерпул.
Сериозните инциденти на минатонеделното финале на францускиот Куп меѓу ПСЖ и Марсеј одново го потегнаа прашањето околу безбедноста на Париз пред Европското првенство. Организаторите признаваат пропусти и ветуваат решавање.