Таг: самотија

Дали стварно ни требаат министри и за осаменост?

Со оглед на тоа што модерниот начин на живот создаде пандемија на осаменост и армија изолирани луѓе кои немаат со кого муабет да скршат, неодамнешниот потег на британската Премиерка да назначи министер за осаменост се чини кул. Ама, сега политиката ќе треба и пријателчиња да ни наоѓа? Уште што сè нема да префрлиме во рацете на државата дадилка?

Јапонците умираат сами

Македонската мрза не чини ама и тоа јапонската опседнатост со работа има своја опачина. Откако се изнаработиле за доброто на својата компанија и татковина, старите Јапонци тераат старост во која нема кој да провери ни дали се живи. 4.000 стари луѓе умираат секоја недела, сами, најсами во свет. Ни деца, ни пријатели, ни куче, ни маче.