Таг: роберто карлос

Викаш техничар, мислиш Марсело

Бразилецот Марсело не само што достојно го замени легендарниот Роберто Карлос по левата страна на Реал, туку и го надмина по многу нешта. Ретко кој лев бек има таква техничка поткованост како него.

Како Роберто Карлос им отвори работа на физичарите?

Голот на Роберто Карлос против Франција во 1997. година и натаму е предмет на расправа меѓу физичарите. Ерец Гарти од ТЕД-ед преку физиката го објаснува летот на топката по шутот на левиот бек.

Реал Мадрид игра самба

Кралевите го купија и 23-от Бразилец во својата историја, откако со тимот од Мадрид 6-годишен договор вчера потпиша десниот бек Данило (23) од Порто. Првиот Бразилец што играл за Реал е Фернандо Гудичели.

Франција - Бразил, сигурен спектакл

Дуелот меѓу Ле Блус и Селекао никогаш не ја разочарал публиката. Минатото донесе моменти како голот на Роберто Карлос од слободен, двата со глава на Зидан во финалето на СП и сомнителниот пенал на Белон. Вечерва играат пријателска на „Стад де Франс“ во Париз.

Романскиот ураган од слободен удар

Голот на Роберто Карлос од слободен удар против Франција во 1997-ма конечно има достоен конкурент за најубаво изведен фаул. Ремек делото е на Романецот Михаи Александру кој има 22 години, a го даде на пријателската средба Пандури Таргу - Биелско Биала.