Она што денес се нарекува „проценка на ризик“ некогаш се нарекувало пророкување. А најраните политички консултанти во древна Атина биле добро образувани, и „напафкани“ жени. Можеби токму такви ни се потребни, од двете страни, за решавање на нашите проблеми.
Денес (15. март) е ден кога, како што се вели, треба да бидете внимателни, да не завршите како Цезар, кој откако не ги послушал предупредувањата да се „чува од мартовските иди" завршил со 23 убода. Или така барем Шекспир го замислува неговиот крај.