Ви текнува како кога беше најлута пандемијата, сѐ беше лошо и депресивно и се трудевме да смислиме како ќе се променат работите на подобро кога ќе се вратиме на (скоро па) нормално? Кога се јачавме за Roaring 20s, или дружење и збеснување, утописки идеи за флексибилност на работно време, нови генерации на дигитални номади, четиридневна работна недела… И дојдоа вакцини, заврши страшното и за многу вработени, ништо реално не се промени.