Да се најдеш во Англија и да ти текне да одиш на стадион треба да имаш многу к`смет за карта, бидејќи грото од билетите се годишни и одат фамилијарно од колено на колено. Но на почеток не било баш така.
Цената на влезниците, инфраструктурата и пред сè (не)квалитетниот фудбал се причините поради кои одредени стадиони во најдобрите европски лиги се преполни, а некои се прозеваат празни.