Навивачите на Лидс имаат силно, униформирано и наоружано засилување и сега никој не смее да ги пипне. Неговата работа е 90 минути да зјапа во нив да не се закачаат, ама тој е цар, бидејќи истовремено знае да си направи како да му биде убаво.
Дешавката со полицаецот кој зборува на мобилен телефон на сред терен за време на мечот МС Синопспор - Јени Амасјаспор (4:2) од турскиот фудбалски куп вреди повеќе од трофејот во ова натпреварување. А толку беше искрен што дури и крена рака да се извини па продолжи да збори к’о ништо да не било. Епски!
Тимот од Глазгов проценет на 50 милиони евра синоќа со 1:0 загуби од дечки собрани „од маало“ меѓу кои има келнери, полицајци, мајстори, ѕидари, риболовци.