Ракометарките на хрватска Подравка се хероини на месецот. Тргнале на еден турнир во романскиот град Брашов но по извесно време автобусот заглавил некаде во снег. Немале што друго па се решиле да помогнат да се помрдне.
Убедлив триумф на Вардарки против Подравка 35:25, во натпревар во кој шанса добија и девојките од младинската школа на клубот. Јованка Радичевиќ најефикасна со 5 гола, Суслина имаше 13 одбрани.
Ракометарките на ЖРК Вардар стигнаа до втора победа во низа и со овој триумф на гостински терен против Подравка со една нога се наоѓаат во втората фаза од ракометната Лига на шампиони.