Со ваков талент само да ја остават да игра колку сака, што сака и кога сака. Ако продолжи вака девојчево, за некоја година Олимпиското злато ќе ѝ биде на дланка.
Сега и дефинитивно нема оправдание за оние кои не сакаат да одиграат партија пинг-понг затоа што не знаеле како се игра. Штом царов може, можеме и ние.
На турнирот Table Tennis Grand Prix во Дизелдорф, Австриецот Штефан Фегерл и Швеѓанецот Кристијан Карлсон го одиграа можеби најлудиот пинг-понг поен во последнава деценија. На крајот добија заслужен и долг аплауз, а поенот му припадна на Фегерл.
Ибрахим Ел Хусаини Хамато е државен првак во пинг понг за хендикепирани во Египет, како и освојувач на сребрени медали на Африканските првенства, а највисокиот пласман во светот го оствари пред 10 години кога беше 32-ри.
Кинезите и општо Азијатите се познати како генијални пингпонгари, меѓутоа она што им појде од рака на овие двајца ретко се гледа дури и на големите светски собири.
Од кинеските и тајландските пинг понгари сме виделе секакви акробации, но дека со топче за пинг понг може да отвориш шише Кока Кола не верувавме. До денес.
Кој знае како не се уморија? Сингапурецот Нинг Гао и Сегун Териола од Нигерија, за време на нивниот дуел на Комонвелт игрите во Шкотска, дури 41 пат го префрлија топчето. Ваква сцена ретко се гледа на тенис, а камоли на пинг-понг средба.
На мечот се натпреваруваат двајца пинг понг играчи со различен хендикеп, а јунак на крајот е оној кој на прв поглед ќе помислите дека нема шанси да го земе поенот.
По повод отворањето на новата фабрика во Шангај, компанијата за производство за роботи KUKA, го предизвика поранешниот светски шампион и најдобар германски пингпонгар Тимо Бол.
До овој заклучок дојдовме деновите откако најпрвин ја откривме финтава со менување позиции, а денес го изгледавме и најдобриот натпревар во историјата на овој спорт.
Французинот Квентин Робино изведе збунувачки удар на натпреварот против белорускиот противник кој немо го проследи топчето и на крајот му аплаудираше за мајсторијата.
Уште откако пинг понг беше воведен како олимписки спорт во Сеул 1988-та година, Кинезите имаат целосна доминација во овој спорт со освоени 24 од 28 можни златни олимписки медали. Како им успева сериското производство на пингпонгари во Кина?