Стотици фудбалери и тренери минале низ англиската фудбалска лига, но ретко кој оставил впечаток кај навивачите како легендарниот чешки голман Павел Срничек. Ден денес по стадионите се скандира неговото име, затоа што беше симбол за непокор.
Некогашниот репрезентативен голман на Чешка и англискиот Њукасл почина на 29. декември на 47 годишна возраст, откако на почетокот од месецов паднал во кома по срцев напад при трчање.