Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.
Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?
Во новата реклама за Најк, претставен е патот до врвот на францускиот репрезентативец од ПСЖ Блез Матуиди. Автобуси, метроа, железнички, низ што сè не поминал за да стигне до ѕвездите.