Во 1633 отоманскиот султан Мурат Четврти почнал битка против еден обичај за кој верувал дека предизвикува социјален распад и конфликт во главниот град Истанбул. Според некои легенди, тој преправен шетал низ улиците на градот, носејќи со себе голем меч за да му ја отсече главата на оној кој се занимавал со незаконската активност. А таа била - јавно пиење кафе.