Нобеловецот, кој е познат критичар на Ердоган, беше номиниран за ова признание во текот на пишувањето сценарио за војната во Босна, a пред неговата најавена посета на градот оваа пролет. Но Сараево неодамна се премисли.
Помеѓу различните иницијативи и акции кои се одвиваат во европските земји за поддршка на бегалците е и онаа на британските писатели, кои подготвуваат антологија есеи и раскази како одговор на анти-бегалската реторика на медиумите. Славни писатели од светот истапуваат и со свои изјави за поддршка на белгаците.
Неодамна на Босфорскиот универзитет во Истанбул две водечки имиња на современата светска литература одржаа предавање во форма на дијалог. Темата: „За фактите, книжевната фикција и историјата".