Масовната онлајн настава изроди различни нуспојави, од плунка на камера (за да биде заматена кога се испрашува) или со измислување креативни прекари („Connecting..", за да изгледа дека има проблем со интернетот). Но ова е малку порадикално.
Има добра причина за бележење на оправданите и неоправданите изостаноци од школо - самото присуство на час е дел од образовниот процес но и од социјализацијата која ја овозможува училиштето. Бројот на ученици е и основата за тоа колку вработени се потребни во училиштата и како е организирана наставата во нив. Што е со сето ова во ситуација на онлајн настава?