Таг: ножички

Каде бе дечко со таков еврогол?

Крило, не се нафрлува така, многу назад му ја даде. Е ако де. Е како ако, па како ќе ја закова со глава? Сега ќе видиш.

Оф мори мајко, Фил Џонс ќе правел макази

Ова нека биде првиот и последен обид за ножички на дефанзивецот на Манчетер Јунајтед. 600 атрактивни ножички се свртеа низ фудбалскава мапа последниве години и никој до сега не сме виделе да се удри во рака со топка. Грев.

Мексиканка на денот

Голот на годината во мексиканскиот фудбал оваа сезона, не ќе треба, туку ќе мора да го изберат од женска конкуренција, бидејќи нема да се најде Мексиканец кој ќе го изведе ова ремек дело.

Ножичките на плажа за кои зборува фудбалска Италија

Габриеле Гори е фудбалер на плажа, игра за тимот на Вијареџо и за италијанската репрезентација во фудбал на плажа. Голот кој го дал во 5. коло од Серија А меѓу Вијареџо и Катанија е сензација.

Имате ли ваква будала во друштво?

Се собрало едно друштво да плеша фудбал на вештачка трева. Едниве грешат додавање на средина терен, се вртат позади и кај другиве го гледаат Марко ван Бастен.

Ривалдо ти ли си?

Што ножички се изнагледавме и оваа и претходната сезона. Овие се спектакуларни и тешки за изведување. Приeм на рамо и дагаууууууу. Полуде и коментатор и публика и сите што гледаат фудбал во Обединети Арапски Емирати. Коментаторот го спомна Кристијано Роналдо, а нас не потсети на еден сличен еврогол на Ривалдо. Каков ВАР, апла рамо е.

Не ти требаше ова ама па како ќе ти фатевме сеир

Што ножички се изнагледавме низ годиниве во еден куп лиги, на еден куп начини. Многу маестрални акробации имаше, ама само една фалеше и еве ја си дојде на мегдан. Неповторливо.

Како први така други

Сме виделе ножички, кои веќе со години се редовна појава во фудбалот, ама не сме виделе тројца да направат еден по друг. Пазете, првиот со ножички го погоди противникот во фаца, другиот направи асистенција со ножички, а третиот ја збрца со ножички. Ваков гол сега паѓа и веќе никогаш.

Што си ти фудбалер или каратист?

Видете вака, има ножички и ножички, а овие се толку брзи и лудачки, што на прва нема да сконтате како ја изведе акробацијава. Ви го претставуваме Џејсон Џонсон од втората дивизија во САД. Стварно не е нормален.

Мајсторот од Загреб зареди со евроголови со ножички

Пред помалку од еден месец, фудбалерот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ постигна прекрасен гол со ножички. Вечерва пак на ист начин ги наполни насловните страни. Динамо му гостуваше на Интер во Запрешиќ и славеше со 0:2.

Мори што направи?

Порано вакви голови даваше само Пеле, а сега кој стигне, односно кој умее, а можат многу повеќе од тоа време. Најслатно е што ја прими на гради и сам си ја намести. Тоа се тие елементи за совршени ножички кои би требало да бидат прогласени за гол на годината во Мексико. Авторот е Габриел Фунес Мори, брат близнак на Рамиро Фунес Мори кој игра за Виљареал.

Еврогол во Хрватска, ножички на фудбалер на Динамо

Центарфорот на најголемото изненадување во Лига Европа досега сезонава и актуелен хрватски шампион Динамо, Бруно Петковиќ постигна неверојатен гол против Локомотива Загреб.

Страшна акробација на 20 годишен Србин во Бундеслигата

Ајнтрахт Франкфурт ја наполни Фортуна Дизелдорф со 7 парчиња од кои младиот српски напаѓач Лука Јовиќ постигна 5. Еден од нив е за најавните шпици. Лудница од гол.

Најголемата акробација во Лига на нации ја направи Литванец

Црногорците ја декласираа Литванија на гости во Лигата Ц со 1:4, а домаќините во финишот од средбата го постигнаа почесниот погодок, ако ништо друго барем за ќеиф на душата и уживање за публиката. Ножичките толку беа добри што се изначуди и еден од колегите кој му честиташе.

Колку јаки ножички му поништиле на Нестогол

Иле се врати во голгетерска форма и тоа токму пред двомечот на Македонија во Лига на нации, ама место да еден, можеби требаше да биде стрелец на два гола на последниот меч против Кротоне кој сам го реши. На својата Фејсбук страна објави еврогол под кој многу фанови му пишуваат дека немало офсајд.

Најатрактивните ножички во аматерски фудбал

Џабе им е на сите кои се обидуваа да го имитираат она маестрално ремек дело на Роналдо лани против Јувентус во ЛШ. Пољакот Дамиан Лимбергер кој игра во најниските аматерски лиги во Полска ја има имитацијата број 1 на голот прогласен за најдобар во 2017-та. Стварно прејако.

Бејл и Роналдо дале гол со ножички во иста минута

Прво Кристијано во Торино го матираше Буфон со страшни ножички, а во саботата Герет Бејл даде подеднакво луд гол. Се погоди двајцата да правеле „чилена“ во 63’ минута од мечевите.

Кротоне има свој Кристијано Роналдо

Во Серија А изгледа ништо не е готово. Наполи одигра прошло коло реми со Милан, ама сега пак Јуве направи скроз неочекуван кикс на гости против Кротоне, а Наполитанците два пати губеа и на крај го совладаа Удинезе со 4:2. Следно коло: Јувентус - Наполи. Јуве 85 бода, Наполи 81.

Кристијано им запна на ножичките, сега ги направи на тренинг

Прво во понеделникот направи ножички на тренинг, па после на Џанлуиџи Буфон му даде фантастичен гол исто со ножички за денес во тренинг-центарот на Реал во Валдебебас пак да ги потврди.

Во Босна падна гол како на Роналдо

Фудбалерот на Орашје Антонио Видовиќ постигнал два гола во триумфот на својот тим против Чапљина (3-1) во втората лига на Босна и Херцеговина. Еден од погодоците е ала КР7.

Нереални ножички на тренинг

Заборавете на ножичките на Кристијано Ронално, не се ништо посебно откако ќе видите што направи Арон Стасијак кој е дел од Полска У-19. Магија.

Кои се најубавите 10 гола со ножички во фудбалот

Јужно-американците ја викаат чилена (chilena), Италијанците ровешата (rovesciata), Бугарите задна ножица, Хрватите шкарице, кај нас ножички. Кои се автори на најубавите голови на овој начин?

И Дејан Блажевски даде гол со ножички

Ножичките не ги измисли Роналдо, туку тие се сега ин бидејќи ги направи Роналдо. Газета дело Спорт објави извонредна компилација со Крауч, Руни, Џоркаеф, Пруцо, Ибрахимовиќ, Ван Бастен, Виали и Пеле, за да не потсети кој сè се има испружено со оваа акробација.

Чудесија од гол на Иван Тричковски

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски игра во одлична форма а доказ за тоа е вториот меч на кој дава два гола за неговиот АЕК Ларнака. Вториот гол со кој ги постави конечните 7-0 во Купот на Кипар беше ремек дело.