Атлетико Миниеро ја декласираше Ривер Плејт со 3:0 во реванш четвртфиналето од Копа Либертаторес. Натпреварот беше спектакуларен со три прекрасни голови од кои едниот е ремек дело кое се прави еднаш во кариера.
Норич со 5-0 го совлада Гилингем во една од последните средби од подготовките за новата сезона. Едниот од головите падна по врвна асистенција која не се гледа секој ден.
Бразилецот Артур Кабрал од Базел синоќа против Партизани во квалификациите на Конференциската лига, изведе велемајсторија по која ние немаме што повеќе да додадеме, освен да ја изгледаме едно 5-6 пати.
Со двата гола на најголемиот талент од Бундеслига Саша Калајџиќ, Австрија водеше 0-1 па 1-2 против Шкотска, ама домаќините стигнаа до голем бод после ножичките на Џон МекГин.
Нема навивач на Манчестер Јунајтед кој ќе го заборави ова ремек дело, ама нема да има таков ниту од Манчестер Сити. Ептен мајсторски и ептен врвно изведено, плус во градско дерби. Дами и господа, акробацијата на Вејн Руни од сите агли.
Во раната фаза на францускиот Куп, Брест губеше 0-1 од Роде, ама со два гола во 1 минута направи пресврт и се пласираше понатаму. Погледне го голот на Стив Муние за израмнување.
ПСЖ го намачка Монпеље со 4:0 и тоа со три постигнати гола од 60-та до 63-та минуа. Погледнете што се случуваше во 69-та. Бекот Курзава ќе се прославеше со голчиште за најавни шпици, но голманот само ја пипна со прсти топката доволно за да ја расипе забавата.
Во 32. коло од бразилската Серија Б, Хувентуде победи 2-1 против Понте Прета. Првиот гол за домаќинот, од стрелецот Рожерио слободно може да се одбере за најспектакуларен на сезоната.
На нисколигашки меч во Данска, стрелецот на голов ги надмина сите очекувања за тоа што сè може да се искомбинира во шеснаесетник по еден корнер. Потегот со ножичките му е боли глава, арно ама добро што топката удри во пречка, инаку никогаш немаше да дознаеме дека некој и ова го можел.
Супер интересен меч одиграа Вотфорд и Норич Сити. Гостите поведоа после буквално 3 минути фудбал, а Вотфорд на крај направи пресврт со головите на Доусон и лудоријата на Дени Велбек. Вотфорд со овие три бода има шанси да се спаси од испаѓање.
Ла Коруња до синоќа се тресеше во борбата за опстанок во втората шпанска лига Сегунда дивизион. Некогашниот шампион и европски гигант се соочува со тешки времиња, ама имаше јунак да ги спаси.
Требаше сега да се игра Европско, да пишуваме за Европско, да се сеќаваме на легендарни, луди и незаборавни моменти. Еден од тие е голот на легендата на Ливерпул Рони Велан на мечот Ирска - СССР, одигран на денешен ден на ЕП 1988.
Пазете ја сценава. Голман, две гајби за гол, публика под сенка и еден лик со нествари потези кои ги прави со капче. Да, со капче. Патем голманчево залудно се џитка, затоа што ликов не е нормален како ќе го заврши шоуво.
Бразилецот кој стекна огромна слава на „Камп Ноу“ во неделата наполни 48 години. Кога се спомнува неговото име, сите се сеќаваат на епските ножички против Валенсија. Ретко кој памети дека во 1998-ма и против Манчестер Јунајтед направи чилена.
На 3 април 2018-та падна еден од најатрактивните голови во Лига на шампиони со акробација која одеше на сите насловни страници. Во четвртфинале Јуве - Реал 0:3 и еврогол на Роналдо од кој можеш да се откачиш само ако го купиш. И потоа го купија.
Тој што стој на втора на корна не е џабе ставен и обично стои како споменик и гледа да ја расчисти со глава, нормално ако е висока. Но има вакви нинџи како овој во Израел кој го спаси својот тим од пораз и тоа во судиско.
Фудбалерите на Барнли - Астон Вила 1:2 и Брајтон - Челси 1:1 уште во 13:30 се исправија на терен во новата година. Само два меча беа доволни да се одиграа годинава за да видиме атрактивен еврогол со акробација. Ремек делото е Алиреза Јаханбакш од Иран кој им зема бод на Лондоначани во 84-та минута.
Монтереј, тимот кој пред неколку дена играше против Ливерпул во полуфинале на Светско клупско првенство, синоќа со 2-1 победи во дербито на мексиканската лига, во првиот меч од финалето со реванш против Клуб Америка. Мечот го реши Рожелио Фунес Мори со страшни ножички во 90+3’ минута од судиско продолжение.
Не би било лошо, бидејќи ова не е нормално за аматер кој плеша фудбалче со другарите по балони. Или па можеби не е аматер? Стоперот го гледаше и му аплаудираше.
Порто славеше синоќа против Пакос Фереира со 2:0. Вториот гол е дело на Ѕе Луис кој изведе една многу тешка акробација за да ги направи ножичкиве. Како ли му успеа ова? Ко ќофте се собра.