Ќе треба да го пуштите повеќе од еднаш за да поверувате. Фразата “ја рогна над кров“ или “го префрли стадионот“ сме ја користеле за да посочиме на многу лошо изведен слободен удар високо над гол. Луѓе ова се случи во реалноста и тоа на прволигашкиот меч во Данска меѓу Вајлд и Болдклуб Сондејуска, односно кај полуфиналистот од минатото Европско.
Ви ја претставуваме најлошата уиграна шема од слободен удар, ама најлошата. Нас ни е глупо што го видовме ова, а можете да замислите како му е на тренерот. 100% отказ си дал на сред утакмица.
Само што помина време од Европското летово и го подзаборавивме неговиот смешен пенал со цупкање пред да шутира, Симоне Ѕаѕа синоќа против Манчестер Јунајтед во Купот направи ново „ремек-дело“.
Неговиот обид за кош од половина терен го видоа преку 6 милиони луѓе, но никој од нив не знаел дека човеков за да преживее мора да пие по 39 апчиња дневно.
Индискиот фудбал сезонава почнаа да го оправаат Трезеге, Деј Пјеро, Пирес и компанија, но нека се позанимаваат повеќе со Балјит Сахни од Атлетико Колката на кој му е неопходна помош.