Со оглед на нејзиниот богат беграунд, за Нада Рочевска потребна е поопширна најава. Ако со некој сакате да поразговарате на тема Олимписки игри, таа е вистинската личност бидејќи олимпизмот и е религија. Овој пат нашиот разговор е за друга интересна тема.
Што би бил Олимпизмот доколку не успее своите вредности на еднаквост, право на спорт како основно човеково право, заедничка почит, пријателство, солидарност и фер-плеј да ги наметне тогаш кога најмногу треба.
Шестмината македонски спортисти не се единствените наши претставници на Олимпијада во Рио. Таму е и Нада од Скопје, поранешна кошаркарка на Вигор Скопје која има привилегија да биде дел од организацијата на најголемиот спортски настан во светот.