РК Вардар прекина ужасна серија во Лига на шампиони од седум порази по ред, а еден од најзаслужните за големата гостинска победа против лидерот на табелата е Мартин Томовски кој блесна со 13 одбрани. 24 годишниот Томовски станува сè поголема сигурност на голот на црвено црните, но и во дресот на Македонија.
Мамо, тато, ве молам да ме носите за Ниш, сакам да ја бодрам Македонија на Европско. 10 години подоцна: Мамо, тато, јас отидов за Дебрецин, сега вие да дојдете да ме бодрите мене. Прв голман ќе бидам.
Нашиот прв голман Никола Митревски со 14 интервенции беше можеби најзаслужен што ја штиклиравме првата победа на Светското во Египет. Но блескави моменти имаше и Мартин Томовски кој со фатени пенали во 46' и 57' минута ја крена еуфоријата во нашиот состав.
Кога се во прашање цепeлините, како еден вид најатрактивен погодок во ракометот, да не знае човек кај попрво да се сврти и да гледа. Мајстори се и Вардарци и нашите репрезентативци, а еве ги сега и Металурзите и тоа пазете од гол на гол, што е огромна реткост. Томовски го пронајде Токиќ, а голот е прогласен за најубав на мечот од СЕХА лигата кој тимот од Автокоманда го загуби од Загреб на Лино Червар.
Се вика Мартин Томовски, има 18 години и игра за кадетската репрезентација на Македонија. По овие исечоци од вчерашното градско дерби кое го доби Вардар со +4, детево ни дава причина да се надеваме дека ќе биде новиот Борко или Диви. Член е на Металург од 13 години, како младинец собираше искуство и во Пролет, а од ноември минатата година по барање на Лино Червар се врати во Автокоманда.