Денес, 21.10, завршува уште едно, 38-мо по ред издание на скопскиот џез фестивал. Оваа година од сцената на МОБ беше испратена порака на солидарност со бегалците низ светот. И не е необично што џез музичарите чувствуваат обврска нивната музика да послужи и за социјален ангажман, затоа што овој музички жанр е и роден како реакција на опресија.