Таг: марсело

Бразилска самба во соблекувална

Пред мечот со Еквадор од квалификациите за Мундијал 2018 бразилските репрезентативци играа серва на масичка во соблекувалната.

Ени мени сени, сени чоколада на Серхио Рамос и Васкез

И покрај големиот притисок на гостувањето во Виго каде ако изгубеа, извесно ќе ја изгубеа и титулата, фудбалерите на Реал со 1:4 ја згромија Селта и сега бод ги дели од титулата која не ја освоиле 5 години. На крај знаеа да го прослават триумфот.

Најубавите дриблинзи на бекот Марсело

Многу често го споредуваат со Роберто Карлос, а неретко за него се зборува и дека е подобар од неговиот сонародник. Марсело повеќе од 10 години е стандарден бек на Реал Мадрид и поседува луцидна техника.

Како дедо му на Марсело ја продал колата за внук му да стане фудбалер

До 12 години играл фудбал по плажите во Рио но немал намера да стане фудбалер. Повеќе сакал да тргне по стапките на татко му кој бил пожарникар, но со тоа не се сложил дедо му кој го насочил на прав пат.

За да освоите ЛШ мора да имате Бразилец во одбрана

Селекцијата на Бразил е синоним за Пеле, Роналдо, Ривалдо, Ромарио, Роналдињо, Нејмар, Кака и останатите фудбалери специјалисти за дриблинг. Арно ама оваа земја вади и врвни дефанзивни фудбалери кои секоја година се со пехар од Лига на шампиони во раце.

Прием на Марсело за сите пари

Реал Мадрид синоќа лесно со 3:0 уште во прво полувреме ја совлада Севиља во Копа деј Реј. Потегот на вечерта без конкуренција е на Марсело.

Фин гест на Марсело

Веднаш по финалето на Европскиот Супер Куп против Севиља кое го добија во продолженијата со 3:2, бразилскиот бек израдува дете во количка.

Викаш техничар, мислиш Марсело

Бразилецот Марсело не само што достојно го замени легендарниот Роберто Карлос по левата страна на Реал, туку и го надмина по многу нешта. Ретко кој лев бек има таква техничка поткованост како него.

Нека не ве чуди, Бразилец е

Во рамките на Адидас фристајл кампањата, Марсело ги покажа своите технички способности учени на Копакабана во Бразил и уште еднаш докажа дека фудбалерите од оваа земја се потпишуваат со топката.

ФИФА ќе му компензира на Реал Мадрид

Реал Мадрид е еден од првите клубови кои ќе профитираат од новата шема на ФИФА за плаќање компензација при повреда на фудбалери.