Марија Коникова мразела казина и коцкање. Но почнала да игра покер како дел од нејзиното истражување на факторите на случајност и веројатност. Набргу ѝ тргнало. Сега има и пари од играњето, и нова книга.
Американската новинарка и писателка Марија Коникова почнала да пишува прирачник за самопомош во кој вештините за играње покер се користат за донесување подобри одлуки во секојдневниот живот. Отпрвин играла колку да влезе во „филм“ и да биде упатена во правилата. Ама многу брзо работата станала сериозна.