Здраствујте, добри луѓе.
Со благослов на Неговото Мегацарство Уредникот, нов бавчанџија. Името ми е Александар, но како и секој Аце коса црта Саше, од премногу прекари на крај остана Клео - тоа клетвата на многуименост (полиномија) ме следи и тука, имам две имиња - Ханибал Коректор. Коректор бидејќи имам нервозно уво желно за чист јазик и значења, па белким тој дар не е бадијала... Ќе видиме.