Прилепчанецов не е нешто арен. Одбрал седум утакмици, две од Бугарија втора лига, потоа Узбекистан, Литванија, Иран и Португалија младинци. Сите седум ги фатил X-X на две ливчиња. Една му завршила 1:1, а сите други 0:0.
Играл школски, систем 2 од 4 со четири фикса во стуб. Уште во стубот е храбар, а да не зборуваме за четирите во услов кои успеал сите да ги погоди. Обрнете внимание на Њукасл и Виљареал. Да, маестро е.
Е како? Е така. 2+ прво 9 пара. Влог 3.000 денари. Чиста среќа е спортската дечки. Играл данска втора лига, норвешка втора лига, индиска прва лига, германска трета лига, англиско до 21 година...67.000 евра има за земање.
Прашајте го охриѓанецов како сезонава и ќе ви рече никогаш појака. За него таа почна со влог од 100че и добива од нешто над 1 милион денари. Четири комада му ги даде од ЛШ и тоа полувреме/крај со комбинација на голови.