Претходникот на Флорентино Перез, легендарниот Лоренцо Санз имал интересен животен пат. Со баба му одел кога продавала пијалаци на Сантијаго Бернабеу и сонувал еден ден да работи во „кралскиот клуб“. Децении подоцна го исполни детскиот сон.
Лоренцо Санц, кој беше прв човек на кралскиот клуб во периодот од 1995 до 2000 година, почина вечерва на 76 години во мадридската болница како последица од коронавирусот.