„Збогатување“ на јазикот на многумина наши лингвисти им звучи како богохулие и широко отворена порта за немакедонштина. Од друга страна, и на креативни решенија во рамки на јазикот се гледа како на непотребна играрија. Во англискиот само еден писател, кој почина неодамна, на 88 години, придонел со повеќе од 150 зборови и изрази.