Таг: квалификации за сп 2014

Нови квалификации за нов почеток на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на стадионот Максимир во Загреб против репрезентацијата на Хрватска започнува нов квалификациски циклус. Со нов селектор и мотивирани фудбалери, одиме на враќање на вербата во националниот тим и вадење од калта на македонскиот фудбал.

Хрватите не сакаат да ја гледаат Македонија

Невидено слаб интерес во Хрватска за натпреварот против Македонија. Заради високата цена и неатрактивноста на нашата репрезентација, до сега се продадени само 1.500 влезници.

Победи на Белгија и Шкотска, дебакл на Хрватска

Пријателски натпревари одиграа и нашите противници од квалификациската група за пласман на Светското првенство во 2014. Белгија ја изненади Холандија, Хрватска на домашен терен загуби од Швајцарија, Србија ремизираше со Ирска, Шкотска ја победи Австралија, а Велс загуби од БиХ.