Една работа заради која ми олесна откако се преселив во куќа е што не морам постојано да се среќавам со комшии пред или во лифтот, за по куртоазните поздрави да ја делиме онаа незгодна тишина. Добро, лифтот знае и да е интересен ако се заглавиш со вистинскиот човек. Или ако, како во „Приказни по телефон“, те однесе до ѕвездите.