По 30 години криење, вчера во Палермо е уапсен првиот човек на Коза ностра, Матео Месина Денаро (да беше од Битола, Денаро ќе го викаа Инфлацијата). Првото „благодарам“ за полицијата дојде од соседите на Денаро.
И покрај добрите дела што ги прави, тој во меѓувреме ги загубил симпатиите на луѓето од Палермо. Неговите хуманитарни дела и емпатија не биле доволни да ја сочуваат љубовта затоа што во потрага по пријателства и признавање на сомнителни кругови отишол предалеку.