Вардар ја оствари првата сезонска победа, во второто коло од плејаутот во првата кошаркарска лига. Поразен е Шкупи со 87:85. Членовите на двете екипи на крајот влегоа во судир. Натпреварот се одигра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.
Во сенка на инцидентите, долгиот прекин и празнењето на салата заради националистичките скандирања на навивачките групи, по 3 часа и 45 минути, екипата на Куманово ја победи Лирија на последниот четвртфинален дуел од кошаркарскиот Куп на Македонија.
Македонскиот кошаркарски куп ќе добие нов сопственик откако актуелниот освојувач, екипата на Работнички загуби во четвртфиналето од Торус СЦБТ. Втор полуфиналист е МЗТ кој беше поуспешен од Вардар.