Без поголеми проблеми момците на Френки Лампард го прегазија Барнсли од Чемпионшип во Лига Купот со 6:0. Јунак на вечерта беше 21-годишниот Кај Хаверц за кого Абрамович даде вреќа со пари.
Богатиот Роман Абрамович никогаш не жалел пари да го засили својот сакан Челси, а летово клубот се освежи како речиси никогаш во трофејната ера на Русинот. И немаат намера да сопрат, а во истовреме и продаваат солидно.