Јувентус е италијански бренд кој тргна „по патот на свилата“. Гигантот Нетфликс направи серијал за фудбалскиот хегемон којшто го допре плафонот во Италија и сега се шири на другите големи континенти каде ја запознава публиката со својата големина.
Најтрофејниот италијански клуб денес слави 120 години од основањето (1. ноември 1897) и за таа прилика управата спремила неколку пригодни манифестации и голема фешта закажана за 5. октомври од 15 кога играат против Беневенто на „Алијанц Арената“.