Двајцата мажи што ги препорачаа техниките за испрашување (тортура) на затвореници на ЦИА се дел од тужбата од поранешни затвореници на ЦИА. Њујорк тајмс ги има видеата од нивното излагање за тоа како тие самите ги опишуваат своите мерки, прикажани паралелно со сведоштвата на затворениците и како тие ги доживеале овие мерки на сопствена кожа.
Податоците од Викиликс покажуваат дека една од главните цели на затворањето во Гвантанамо, изнудувањето разузнавачки податоци од осомничените терористи, доживеала сериозен неуспех. А огромен дел од робијашите се таму само заради тоа.