Најдобриот голман во историјата на Мексико модата од плажите на Акапулко ја пренесе на теренот и носеше психоделични дресови кои ги заслепуваа напаѓачите. Подоцна вакви дресови облекуваа Симан, Ван дер сар, Чилаверт, Борислав Михајлов...
Улогата голман-играч на маалските терени потекнува од Мексиканецот висок 168 сантиметри, поради што со екипата секогаш се сликаше застанат на топка. Синоним за универзален забавувач, Хорхе Кампос е голманот што постигна неколку евроголови.