Во петокот кога Џеф Безос удри есап му излезе дека Хол фудс го добил бесплатно. Само што даде 13,7 милијарди долари за 6-от по големина синџир супер-маркети во САД, акциите на Амазон пораснаа за 14 милијарди долари. А и пред ова математиката не му беше лоша, Амазон генерира 30% од вкупниот раст на малопродажбата во САД (он + офф лајн), и контролира 40% од интернет клауд сервисите.