Фернандо Гаго важи за еден од омилените фудбалери на Бока Јуниорс меѓу навивачите. На времето како голем талент заигра и во Реал Мадрид, но кариерата му се памети само по чести повреди и отсуства од теренот. Синоќа во најважниот меч за секој жив навивач на Ривер и Бока, Гаго влезе во 89’ минута место капитенот Пабло Перез и веднаш ја доби капитенската лента како заменик капитен.