Таг: џеси лингард

Кога Роналдо го учеше малото дете Џеси Лингард

Во летото 2003-та, 18-годишниот бисер на Спортинг Лисабон потпиша богат договор со Манчстер Јунајтед откако на пријателска средба неколку дена претходно ги шина бековите на англискиот клуб. Кога дојде на „Олд Трафорд“ ги учеше децата како да дриблаат. Џеси Лингард го гледаше во чудо.

Неприкосновениот Џеси Лингард е доктор во среден ред

Го калеа 11 години во академијата на Манчестер Јунајтед, потоа го даваа на позајмици и веќе петта сезона е во прв тим. Ама дечкото ниту дава голови, ниту прави асистенции, ниту ја додава како што треба. Кикс до кикс, особено во среден ред. Некој седнал и составил спрдња со богато видео.

А ќе си речеш којзнае што пишува на листот од договорот

Антони Марсиал потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до 2024 година. Французинот ги издржа сите неволји со Мурињо на клупата за резерви и заслужи нов договор. Но листот на кој пишуваше е чуден.

Новиот јунак на „Олд Трафорд“ кој Фергусон го претскажа пред 6 години

Некогашното дете од школата на Манчестер Јунајтед денес го носи целиот прв тим во моменти кога на соиграчите не им оди баш најдобро. Го ашкаа по позајмици во втора лига за да се врати на „Олд Трафорд“ како зрел играч спремен за настап на Мундијалот 2018.

Манчестер Јунајтед и големата лојалност кон своите деца

И покрај тоа што се наоѓаме во ера кога скроз се изместени границите во однос на парите кои се трошат за фудбалери, сепак има уште клубови кои си го ценат своето и се потпираат на сопствените производи.

Џеси Лингард учеше од Кристијано Роналдо

Единствената светла точка во сивиот Јунајтед е малиот Џеси Лингард, играч кој даде гол на дербито против Челси викендов, а првите финти ги учеше од неговиот идол Кристијано Роналдо.