На 12. август родителите на Џејмс Фоли добиваат меил од ИСИС, во кој групата најавува дека тој ќе биде егзекутиран. Последен пат тие биле контактирани од ИСИС во ноември минатата година, кога за Фоли бил побаран откуп од 100 милиони евра. Глобал Пост го објавува целиот меил со дозвола од родителите, верувајќи дека "тој дава увид во мотивацијата и тактиките на Исламската држава."