Гратчето има нешто над 3000 жители, лоцирано е 43 километри источно од Фиренца и се вика Певе Санто Стефано. Освен што е дел од прекрасната Тоскана, ова гратче не би било познато по ништо посебно доколку тука не се наоѓа една специфична архива. A во неа 9000 дневници и една посебна автобиографија.
Луѓето имаат различни причини за водење личен дневник. Некои од нив се пишувани со намера да бидат објавени. Други преземаат сè што е во нивна моќ тие да им служат како потсетник, а никој друг да не успее да ги прочита.
Има луѓе кои копаат по стари книги во потрага по нечии дневнички записи. Има некоја магија да влезеш во свет на туѓинец за кој знаеш дека не е лик од книга. Но некои се против објавувањето и трговијата со овие парчиња интима.
Приватните дневници на славниот физичар, и (барем до сега) докажаниот хуманист, од негови патувања низ Азија, откриваат дека не ги сакал баш жителите на овој континент, особено не Кинезите.