Таг: даниел канеман

Даниел Канеман: Вештачката интелигенција ќе победи

Психологот-нобеловец, автор на бестселерот „Размислување брзо и бавно“, има нова книга која продолжува онаму каде што застана претходната - ги применува идеите за човечките грешки и предрасуди врз цели организации. И само таму гледа надеж за надминување на субјективноста и предрасудите. Иако не е баш оптимистички настроен.

Зошто за монотоно поминат одмор е сеедно дали трае три дена или две недели?

Во нас има две јаства кои имаат конкурентни сфаќања за среќата. Едното инсистира да му е убаво во психолошката сегашност. Другото е склоно да сумира, и својата проценка на задоволство да ја врши во ретроспектива. Важните одлуки (за среќа?) сепак ги носи второто.