Таг: дамјан цингарски

Запознајте ги Светските борбени игри и првото претставување на Македонија во аикидо

Саудиска Арабија стана топ тема за фудбал после мега офанзивата на купување ѕвезди од Европа. А таму само што заврши еден сè уште релативно тазе голем светски настан, за кој малку се пишува кај нас. Тоа се таканаречените World Combat Games на кои се вееше македонското знаме. Плус освоивме бронзен медал.

Аикидото и неговите темели во Македонија

Во шумата разни боречки вештини, аикидото се издвојува по многу нешта кои го прават посебно и единствено. Во земјава постојат неколку клубови каде се практикуваат техниките и се остваруваат желбите еден ден да се стане аикидо сенсеи, каков што е и нашиот соговорник.