Таг: цепелин

Најдоброто од НБА

Во регуларниот дел од НБА лигата беа одиграни многу неизвесни натпревари полни со интересни потези и моменти, но на крајот најмногу во сеќавање остануваат забивањата. Ова се најдобрите забивања и цепелини од регуларниот дел на сезоната.

Леброн го уништи Тери

Мајами Хит ги победија Бостон Селтикс и веќе 23 натпревари не знаат за пораз, а потегот на вечерта му припадна на Леброн Џејмс и неговото монструозно забивање преку Џејсон Тери. За реакцијата по цепелинот Леброн доби и техничка, но вредеше!

Цепелин на годината

Екипата на ЛА Клиперс е позната како "Lob City" заради тоа што често прават цепелини, а на натпреварот против Детроит Пистонс го изведоа еден од најдобрите на сите времиња. Ништо не можеше да го сопре Деандре Џордан, а Брендон Најт се најде на погрешно место во погрешно време.

Двојниот цепелин на Клиперс

Клиперс славеа на гостувањето кај Чикаго Булс со 89:94, а свое шоу со 22 поени и 10 скокови имаше Блејк Грифин. Дел од ова шоу беше и двојниот цепелин со Џамал Крофорд.

Цепелинот на Вугринец

Погледнете го најубавиот момент од победата на ракометарите на Металург над Ст.Петерсбург, односно двојниот цепелин на Златко Мојсовски и Ренато Вугринец.