Затоа што излегло дека "не си важен ако не ти го хакнале телефонот" Хелен Мирен изјави дека е навредена што не била една од 100 женски славни личности чии голи фотографии се појавиле на интернет.
Парадоксот го создаваат луѓе кои имаа бескрајни тиради околу прислушувањето од страна на властите (НСА, ФинФишер и сл.), како тоа ја нарушува приватноста, основните човекови права и достоинство, а сосема природно ги осудија девојките дека лично нивна е кривицата за тоа што некој им упаднал во приватните сметки.
Немојте да дозволите ќерките да ви израснат како Џенифер Лоренс. Да, убава е, интелигентна, сензибилна, богата и успешна индивидуа која може да прави што сака со својот живот. Ама таа исто така е женско, што е лошо за менталното здравје.